V originále
Во оваа статија се занимавам со титлувањето како форма на посредничка вербална комуникација, односот помеѓу говорниот и пишаниот текст во филм и комуникацијата што се одвива, и во филмот меѓу ликовите и меѓу авторите на делото и публиката. Мојот поглед главно се осврнува на посредувањето на егзогената повеќејазична ситуација, што сосема природно се појавува во македонските (но и во другите јужнословенски) филмови, додека чешките титлувани реплики за чешките гледачи се напишани само на еден јазик, или на еден јазичен код. Целта е да се покаже како во таков случај може да дојде до недоразбирање и до губење на содржината на пораката, што адресантот му ја испраќа на адресатот.